речник контакт

Освен утринскиот и попладневниот воз од и кон Гевгелија, денес патнички возови немало

Патниците кои биле на Железничка во Велес и Скопје не добиле информација што се случува, зошто возови нема

Петар Печков

Железничката станица во Велес денес празна, возови нема.Според реакциите на патниците овој петок, ги нема локалите од Скопје до Велес и обратно. Кога сакале за патуваат за Скопје, на Железничка станица Велес немало воз.

Други пак кои сакале попладнево да отпатуваат од Скопје за дома не можеле. Воз немало ниту во 14,30 за Битола, ниту во 16,55 за Гевгелија.

На станица и во Скопје и во Велес, никој не можел да им каже дали е штрајк или нешто друго е во прашање.

Затоа е извесно дека утрово од Скопје за Гевгелија отпатувал патничкиот воз и попладнево истиот се вратил за Скопје. Други патнички возови немало. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »