речник контакт

Осветена црквата Св.Козма и Дамјан (фото)

Се наоѓа во кругот на велешката болница

Петар Печков

Претпладнево беше осветена црквата Св.Козма и Дамјан, која е изградена во дворот на Општата Болница во  Велес.  Чинот на осветувањето  го изврши Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија во сослужение со свештеници од велешкото ерхиерејско намесништво. 

На ѕидовите од црквата се сите чуда кои се состојат во Светата Библија, тие се тука насликани, фрескоживописани. Веруваме дека тука ќе се прават, како во Библијата  и како лекарите  Козма и Дамјан ќе помагат на болните - рече Владиката Агатангел.

Црквата е на стотина метри квадратни, изградена со средства на Повардарската Епархија и донации.Таа е прва во оваа Епархија, која има мермерен иконостас, од 25 м2 дело на стружанецот Јаков Наумовски.

Го работевме иконостасот осум месеци, мермерот е наш македонски од Прилеп. Специфично е да се работи од мермер, оти бара повеќе внимание, нема можност за евентуални корекции - рече авторот Јаков.

Ова е седми по ред иконостас од мермер кој тој го работи. Најголемо негово дело е во  црквата Св. Богородица Пророчица во Скопје.  Моментално работи на два иконостаси, исто така во Велес, во црквите Св. Наум и Св.  Гаврил. Фрескоживописот пак беше изработен од Јулијана Стумбова  Михова од Велес, заедно со нејзината тајфа.

Во Христијанската вера, мотивите се предодредени од  самата религија. Делата се направени според Евангелието.Насликани се фрески кои претставуваат исцеленија, или лекување на луѓе. Тоа е концепт  според Каноните и не може да се внесат свои идеи и преку нас, цртачите тие се отелотворуваат на ѕидот  - рече авторката Јулијана.

Ова е нејзино второ дело, првото е сликањето на параклисот Св. Серафим  Сарафски, во резиденцијата на Владиката Агатангел вонаселба Отовица. Таа заедно со нејзината  тајфа нацртала површина од 250 м2 за две години,колку што работеле заедно во еден дел со Елена Димова, Росана, Тоше Јанев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »