речник контакт

Осветена е црквата Св. Петка

Осветена е обновената црква Св. Петка, која се наоѓа покрај манастирот Св. Димитрија

Петар Печков

Осветена е обновената црква Св. Петка, која се наоѓа покрај манастирот Св. Димитрија

По две годишно реновирање отворена црквата Св. Петка. На денешното советување, со свечена литургија чино началствуваше Владиката Агатангел заедно со Владиката Пимен Митрополит на Европската Епархија.

Повеќето велешани еднаш месечно доаѓаат на оваа црква, тука застануваат патниците кои патуваат покрај блиската сообраќајница. За нив оваа куќарка, обичен параклис ја изградивме во убава црква. При моето доаѓање во оваа Епархија ветив дека ќе изградиме многу храмови. Велес и околијата регионот на Азот се македонската Света Гора со бројни манастири и цркви, повеќе од Охрид. Ќе го направиме втор Ерусалим. Овој храм нека биде дом за молитва а Св. Петка во вашите домови – рече Владиката Агатангел Митрополит на Повардарската Епархија. Во црквата Св. Петка оваа седмица ќе има секој ден литургија, потоа секој петок а натаму во зависност од потребите на верниците.

Архитект Благој Здравев изградбата беше на фрескоживописувањето на Александар Иванов и Малка Конеска, иконостасот е дело на Љубомир Бисинов. Таа и изградена со бројни донации од велешки фирми и граѓани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »