речник контакт

Осветлена клучката кај Градско

Осветелен и патот низ Лозово и Сарамзалино

Петар Печков

 Клучката на автопатот кај Градско од вчера е осветлена.  На оваа крстосница се поставени 57 канделабри со 78 светилки,  со што ќе се зголеми безбедноста на учесниците на собораќајот.   Канделбарите се поставени  на автопатот во делот  кај исклучувањето за Прилеп  и  на вклучувањето од Градско. 

Оваа инвестиција  ЈП за државни патишта ја чини  7,5 милиони денари. Така сега по клучката  на автопатот кај Велес од правец на Штип, осветелена е и оваа прометна крстосница кај Градско, дел од автопатот Александар Велики. Таа наскоро ќе добие нова хоризонтална и вертикална сигнализација, сообраќајни знаци и информативни табли.

Истовремено осветлена е делницата од магистралниот пат  Велес –Штип, која води низ  Лозово и Сарамзалино, со што се зголемува безбедноста на жителите од овие две населени места. Сите светилки кои се поставени се економични и штедливи, и се така програмирани што после полноќ светат со половина капацитет, но не на штета на осветлувањето.

До крајот на годинава осветлување ќе добие и клучката кај Петровец, патот кој води до аеродромот Александар Велики и последните три километри од автопатот во Македонија, на делницата Гевгелија – граница со Грција., најавија надлежните од ЈП за државни патишта.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »