речник контакт

Освоивме награди, во држави кои не ни ја признаваат црквата

Веселинка Маџарова диригентка на младинско -црковниот хор ,,Св. Кирил и Методиј,,

Петар Печков

 Неодамна младинско црковниот хор ,,Св. Кирил и Методиј,, од Велес,  се врати со награда од Херцег Нови, каде учествуваше  на меѓународен  натпревар.  Го освои второто место, меѓу 13 хора од регионот.

Откако минатата година освои признание во Паралија, Грција, ова е втора  награда за младите велешки хористки и   нивната диригентка Веселинка Маџарова. Хорот постои четири години и е основан од Повардарската Епархија на МПЦ-ОА, од Владиката Агатангел. Деновиве тие го добија и највисокото општинско признание наградата 9-ти Ноември. 

        Што оваа награда значи за Вас но и за хорот?

Наградите се доказ за еден диригент колку сработил и како работел  во изминатиот период.  Разбирливо е што значат многу, влегуваат во биографијата  на хорот и на самиот диригент.  Но кога добиваме награди во држави кои не ни  ја признаваат црквата а настапуваме како црковен хор, тоа е нешто  вредно. Таму се вееше македонското знаме, црковното знаме на Повардарска Епархија и на МПЦ-ОА.

        Каков е интересот меѓу девојките за членство, за настап, за пеење?

            -Има интерес, но не можам да го направам пообемен хорот. Причина се  финансиите.  Затоа го држам на членки од 25 до 28. 

       Каде работите преку неделата, а  каде пробате?

           -Пробите ни се во ОУ Васил Главинов во Велес. Додека не ја отворат новата црква Св. Кирил и Методиј. Имаме   ветување, дека таму ќе продолжиме да работиме.

     Хорското пеење во Велес има традиција. Вие како квалификуван музичар, со завршена академија,  што може да кажеш за ова пеење?

     -  Предраг Петров работеше со мешан Градски хор, професорот Бранко Панов со хор во Гимназијата.  Сум слушала дека освојувале награди. Едно време имаше замирање на хорската музика, но последните години таа повторно е присутна, се актуализира.

          Каде настапувате во Велес? Каде можат да Ве слушнат велешани?

        - Секоја недела пееме   на литургија во Св. Пантелејмон. Не канат и од локалната власт да настапиме на одредени манифестации. Камерниот женски хор Св. Злата Мегленска не покани да бидеме нивни гости на Божикниот концерт. Ова ќе  биде по втор пат.  

              Вие сте дипломирана оперска певица.   Дали чувствуваш потреба ова ваше знаење некој пат да го истакнеш? 

           -Порано настапував повеќе солистички, но како созревам сакам повеќе да се оддадам на педагошка работа, да откривам  млади таленти. Така  се гордеам со Вариса Ајдарпашиќ која е дипломирана оперска  певица. Има неколку кои сега студираат.  Задоволна сум што мојата педагошка работа се манифестира, покажува резултати  кој учениците. 

          Во 2014-та го издадовте печатеното издание на ,,Златоустовата литургија ,, на Бадев, кое го немаше во Македонија. Работите друго во теоријата?

     -  Моментално работам на прирачници за одделенска настава, за музичко образование, како таа да се држи.  Се однесуваат за настава од прво до петто одделение.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »