речник контакт

Освојувач на општинскиот фудбалски Куп е екипата на ФК Горски, која постои 103 години

Недела во салата на ОУ Блаже Конески се игра петотто коло на лигата на ветерани на ОФМ, велешани играат со Гевгелија

Петар Печков

Во 103 годишнина од постоењето ФК Горски го освои Општинскиот фудбалски Куп. Тие во финалето на пенали го совладаа тимот на ФК Младост, откако во регуларниот дел заврши без победник 1:1.

„Ова не е само победа, ова е симбол на труд, пожртвуваност и тимски дух. Од првиот свиреж до последниот покажaвме дека кога се игра со душа и срце се победува! Овој успех не е случаен. Тоа е резултат на денови пот, тренинг и вера еден во друг. ФК Горски не е само тим тоа е семејство. И денес, целата наша заедница се гордее!“ – порачаа од клубот.

Пехарот на победникот му го врачи претседалтео ан ОФС Велес, Трајче Шопов.

Во недела во Велес се игра 5-тото коло од лигата на ветерани на Одбојкарската федерација на Македонија.

Се играат три натпреври во салата на ОУ Блаже Конески, влезот е бесплатен.
10ч. Борец – Гевгелија
11,15 Шкендија -  Гевгелија
12,30 Тетово – Скопје

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »