речник контакт

Осетно е зголемен бројот на лекарски интервенции и прегледи лани, на екипите на Итната помош

Има зголемен број на интервенции кај пациенти со корона вирусот но и кај сообраќајки

Петар Печков

Минатата година  екипите на Итната помош  од Велес, имале повеќе работа во однос на 2020-тата, како во амбуланта така и на терен. Ова го покажуваат бројките  кои ТрМр го доби по поставеното прашање за работата во 2021- година.
Во текот на 2021 година,  здравствените екипи на  Итната помош  на терен  имале  11.519  интервенции,  од нив  во град биле 10.541 а во село 978, во текот на денот биле 9.131 а во ноќната смена 2.388.

За споредба лани имало за 4.742 интервенции повеќе од 2020-та година, кога се забележа опаѓање во обемот на работа. Споредено со 2019-та година имале 7307 интервенции а во 2019-та година имале 7.307 интервенции. Овие бројки се однесуваат на   населените места  од поширокиот велешки регион, во кои влегуваат и соседните општини Чашка и Градско.

Лани 2021-та имале 14.513 прегледи во амбуланта, од нив 8.597 биле во текот на денот и 5.916 во текот на ноќта. За потсетување во 2020-та вработените во службата за  Итна помош Велес,   имале вкупно 13 574 прегледи во амбуланта или лани имале за 939 повеќе. Во  2019-та  година  кога имало вкупно 20 999 прегледи во амбуланта.

Минатата 2021-ва,  беше  втора по ред година на пандемијата на ковид и за 12 месеци имале 1.197 интервенции. Од март до декември 2020 година, екипата на итната медицинска помош  имаше  465 домашни интервенции за ковид пациенти.

Лани  имале 152 интервенции  при сообраќајки несреќи, а во 2020-та биле   136  а во 2019 година биле  забележани  122 интервенции на терен.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »