речник контакт

Осетно се намали бројот на активни случаи со ковид-19 во Велес

Изминатите седум дена има починато една пациентка позитивна на ковид-19

Петар Печков

Голем пад на бројот на активни случаи со кводи-19 во велешко.  Според Министерството  за здравство денес има вкупно  55 лица кои се позитивни на ковид-19. Само за потсетување пред две седмици бројката беше 150.

Изминатите 24 часа има шест нови случаи и девет оздравени. Изминатите седум дена има еден пациент кој починал од последиците на ковид заразата. Тоа жена од Велес на 80 години, која била хоспитализирана на Инфективно одделение а починал на 21 август. Жената  имала  повеќе коморбидитети, срцева слабост, ковид пневмонија. Таа е 327 жртва на ковид заразата во велешко.

„Вкупно се хоспитализирани 14, пациенти 13 се на Инфективно еден е на невропсихијатрија. Потврдено позитивни се 11, непотврден е  еден и двајца се негативни, но со потреба од продолжено лечење.   На кислородна поддршка се четворица пациенти. Изминатото деноноќие примени с е двајца нови пациенти а тројца се испишани“ - кажа д-р  Елена Левкова Ќулумова, портпарол на општа Болница Велес.   

Од 14 згрижени пациенти, 11 се од Велес и по еден од Кавадарци, Неготино и Росоман. Според возрасти сите пациенти се над 80 годишна возраст.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »