речник контакт

Осигурителен агент присвојувал уплати

Осигурителниот агент З.М. (50) од Велес,заработи кривична пријава поради основано сомнение дека сторил Измама, со што се стекнал со противправна имотна корист во висина од 184.716 денари.

Петар Печков


Пријавениот З.М. во текот 2006-2007 година додека работел како агент за осигурување во Осигурителната компанија АД Сигал-Велес , од АД Благој Ѓорев - Велес лично подигнал разна стока во износ од 184.716 денари на име АД Сигал -Скопје, како компензација за извршени осигурителни работи за АД Благој Ѓорев Велес, и стоката ја продал, а добиените пари од продажбата не ги уплатил во АД Сигал -Скопје, туку ги присвоил за себе.

З.М. додека извршувал осигурителни работи за АД Благој Ѓорев - Велес, фабриката не ги уплаќала доспеаните обврски кон АД Сигал и настанал долг за наплата во текот на 2005-2006 година во висина од 244.716 денари. За да го наплати овој долг, се договорил со директорот на АД Благој Ѓорев и како компензација од фабриката  подигнал разна стока во висина на долгот и истата ја продавал во  Тедико во Скопје и Мик Унион Велес.

За продажбата  добил граѓански чекови кои подоцна требало да ги уплати во АД Сигал во име на АД Благој Ѓорев, но пријавениот не го сторил тоа и ги присвоил за себе. Од страна на Мик Унион Велес во два наврата уплатени се средства и тоа 20.000 денари во АД Благој Ѓорев и 40.000,00денари во АД Сигал.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »