речник контакт

Осмо мартовска акција на СВР Велес, уапсена група од седум лица, осомничени дека работеле со дрога

Некои од групата дрогата ја продавале, повеќето поседувале хашиш, марихуана, таблети

Петар Печков

 
Велешката полиција откри  група велешани, кај кои била пронајдена дрога и  некои од нив ја продавале на други лица.  Детали за акцијата од соопштението на  СВР Велес.

“На 8 март  полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР -Велес ги лишиле од слобода К.Ѓ.(22 год), Л.Б.(19 год), В.М.(31 год), Љ.В.(37 год), М.Ѓ.(29 год), И.В.(32 год) и Љ.О.(25 год) сите од Велес затоа што кај нив биле пронајдени и одземени хашиш, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и таблета, а И.В. и Љ.О. биле затекнати како продаваат дрога на лица од Велес’ - информираше Татјана Ѓуровска од СВР Велес.

За настанот бил известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против лицата  ќе следува соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »