речник контакт

Основен суд Велес од годинава, без предмети од Кавадарци и Гевгелија

Согласно Законот за измени и дополнувања на Законот за судови од 2019 година, Основен суд Велес од 1-ви јануари годинава со променета месна и стварна надлежност. Интервју со претседателот на судот Лидија Димова

Петар Печков

Од 1-ви јануари  годинава, Основен суд Велес како суд со проширена надлежност е надлежен да одлучува по кривични и граѓански дела само за подрачјето на Основен суд Велес, утврдени во Законот за судовите од мај годинава. Тој од 2006-тата година имаше проширена надлежност и за дела од подрачјето на Основните судови во Гевгелија и Кавадарци.  За оваа новина, од разговорот со претседателот на Основен суд Велес Лидија Димова. 

Стапија на сила измените, согласно Законотза измени и дополнувања на Законот за судовитеобјавен во Службен весник на РСМ96/19. Со него е извршена измена на надлежностите на Основен суд Велес. Надлежноста на Основен суд Велес останува како  суд со проширена надлежност за подрачјето на Основен суд Велес. Основниот суд Гевгелија  основан за подрачјето на општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, со Судско одделение во Валандово;и Основниот суд Кавадарци, основан за подрачјето на општините Кавадарци и Росоман кои немаа проширена надлежност, добиваат  нова надлежност како судови со проширена надлежност.Така, Основниот суд во Гевгелија доби проширена надлежност за подрачјето на Основниот суд во Гевгелија, а Основниот суд во Кавадарци и за подрачјетo на Основниот суд во Неготино, запредмети за кои стварно и месно беше надлежен Основниот суд Велес од 2006 година па се до 31.12.2019 година. Се работи за предмети во стопански спорови, стечај и предмети од кривични и прекршочни дела за кои е предвидена повисока казна,за екстрадиција и други со закон предвидени дела. Основниот суд Велес, останува како и други судови во РСМ со проширена надлежност, но само за  подрачјето за кое е основан, или општините Велес, Градско и Чашка.

Постапките по споменатите предмети започнати пред Основен суд Велес пред 01.01.2020 година, како и постапките по предметите кои би се вратиле како укинати од  второстепениот  Апелациониот суд Скопје, или по вонреден правен лек од Врховниот суд на РСМ, продолжуваат пред Основен суд Велес,  независно од новата надлежност, што значи нема отстапување на нерешени предмети за кои се воспостави новата надлежност. 

Дали ова новина, ќе се одрази врз  оценката на работата на судиите,остварување на нормите, бидејќи ќе имаат помал број предмети за работа?

И овде има промени.Врз основа на Законот за Судскиот совет на РСМ донесен во мај 2019, се редефинира прашањето за  оценувањето на судиите и претседателите. Така во членот 77, предвидено енивно редовно и вонредно оценување.Редовното оценување ќе се врши еднаш на четири години, а вонредното ќе се врши во случај кога  судијата конкурира  во друг или повисок суд, за судија,  претседател или член на Совет. Оценувањето  ќе се врши врз основа на вкупните резултати преку квантитативно и квалитативно оценување на работата на судијатаврз основа на подзаконски акти кои ги донесува Советот, од кои ќе зависат критериумите за добивање позитивна оцена- над 100 бода, или негативна оцена- под 100 бода.

Со новата година треба да има и нова внатрешна организација на Основен суд Велес. Се одлучивте ли за нови имиња?

Годишниот распоред за работа за 2020 година е донесен  по претходно прибавено мислење на седница на  судии,кои врз  основа на извршена подлабока анализа за обемот и видот на примени и решени предмети за пет години наназад,  дадоаи посебно писмено мислење за себе, но и општо за  распоредот за работа на судот за 2020 година.Внатрешната организзација не е изменета во однос на бројот на судии во кривичниот и граѓански оддел. Ниту еден судија не е распореден од еден во друг оддел, почитувајќи ја специјализацијата на секој судија во одредена област стекната со задожителните континуирани обуки што се спроведуваат преку Академијата за  судии и јавни обвинители.

Со утврдениот Годишен распоред во рамки на очекуваниот обем и видови на предмети, очекувам  судиите да примаат рамномерен  прилив на предмети, извршена подлабока анализа за обемот и видот на примени и решени предмети за пет години наназад, кој ќе се следи и доколку постојат оправдани причини за тоа предвидени со Судскиот деловник, по потреба со одлука ќе се измени.

Дали Основен суд Велес е доволно екипиран со судии и стручни соработници?

Да. За судии се предвидени 18 работни места, 16 се пополнети, аколку сум информирана последните години не се барало пополнување на уште две судиски места, заради намалениот обем и прилив на предмети.Засега, секој судија нема свој стручен соработник, па во иднина   дополнително ќе се цени  потребата од  барање и  одобрување финансиски средства  за прием на стручни соработници.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »