речник контакт

Основен суд Велес протера две млади лица, државјани на Република Србија

Тие нелегално престојувале во Македонија а биле уапсени кај наплатна рампа Градско

Петар Печков

Основниот суд од Велес протерал двајца млади државјани на република Србија, откако тие биле уапсени од страна на полицијата. МВР со детали за настанот, кој се случил саботата после полноќ.

„На 9-ти октомври во 00.30 часот на автопатот Гевгелија -Скопје, кај наплатна рампа Градско, полициски службеници ги привеле И.Е.(19) и 17-годишник, двајцата од Република Србија. При проверка на такси возило „ауди“, со велешки регистарски ознаки, во кое двајцата биле патници, било констатирано дека илегално влегле во државата“- соопштија од МВР.  

Од страна на Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци бил поднесен соодветен поднесок, а од Основен суд Велес на двете лица им била изречена глоба и мерка „протерување на странец од територијата на Република Северна Македонија“. По оваа судска одлука,  од страна на полициски службеници, двете лица  биле спроведени до Граничниот премин Табановце.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »