речник контакт

Основен суд Велес –ефикасен и ажурен во 2017 година

Минатата година помал прилив на предмети за работа во велешкиот суд споредбено со 2016-та

Петар Печков

Велешкиот суд минатата година работел ефикасно и ажурно, ова е оценка на Судскиот Совет.

Според Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2017 година објавен на ден 02.05.2018 година, Основен суд Велес во 2017 година успеал да го совлада приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети.

Судот 2017 година ја започнал со вкупно 2.249 нерешени предмети од претходната година, во текот на годината се примени 14.892 предмети, така што вкупно во работа имало 17.141 предмет. Од нив решени се 15.026 предмети, а на крајот на 2017 година нерешени останале вкупно 2.115 предмети.Од страна на Судскиот совет на Република Македонија, Основен суд Велес за 2017 година е оценет како ефикасен и ажурен суд.

Споредувајќи ги бројките на ново примени предмети во 2016-та и 2017-та година, евидентно е дека лани имало помал прилив на предмети во Основен суд Велес 14.892 наспроти 15.483 во 2016-та.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »