речник контакт

Основци од Скопје два часа на железничка станица Велес, го чекаа патничкиот воз од Гевгелија оти тој доцнеше

Неофицијалните информации со кои располагаа патниците е дека во Миравци, се расипала локомотивата на патничкиот воз од Гевгелија

Петар Печков

Осумдесетина деца, од Основно училиште од Скопје  вечерва два часа го чекаа патничкиот воз од Гевгелија за да се вратат дома. Тие во Велес биле во посета на Спомен куќата на Рацин. Требаше да се вратат во 18,40 ч. но возот пристигна во 20,40ч.

Децата со нивните наставници беа дел од стотината патници кои трпеливо чекаа да се превезат до Скопје.  Меѓу патниците кои го чекаа возот имаше и неколку скопјанки, кои допатувале во Велес на гости, средата претпладне, но и пристигнувањето им било со задоцнување.

„Вчера бевме на Железничка станица во Скопје во 9,15 кога тргнува патничкиот воз од Скопје за Велес. Но воз немаше. Дојде дури во 10,20. Ни објаснуваа дека немале други возови, оти на Железничка станица во Велес, имало протест и возот таму чекал да стигне до Скопје. Така стигнавме со еден час задоцнување. Сега се враќаме со два часа задоцнување“ - кажаа патничките.  

Неофицијалните информации со кои располагаа патниците е дека во Миравци, се расипала локомотивата на патничкиот воз од Гевгелија.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »