речник контакт

Останаа само црни ѕидови во куќата на Маневи

Двајцата сопружници живеат од социјална помош од 2,7 илјади денари

Петар Печков

Понеделникот напладне трошната куќа на семејството Маневи,  во Велес изгоре. Остана само ѕидовите и изгорената покуќнина. Тоа што Љуба го создавала овие три години за три часа го снема. Куќата се наоѓа на ул. Славе Петков  бр. 66 на месноста Бузаана, близу Којник.  

Примаме 2,7 илјади денари месечно од нив живееме. И двајцата сме поранешни вработени во Порцеланка, откако таа се затвори ние 12 години преживуваме. Времено отидовме кај ќерката од Љуба таму сме. Дојдов да расчистувам да видам што може да се стори. Ама се е црн ѕид и пепел. Ако може некој да помогне се е добредојдено   –вели Ангел. Куќата се уште со мирис  на изгорено, на оган.

Ова е се што имавме, се се` уништи.  Понеделникот претпладнето се вратив од Болницата  Јасеново каде лежев 12 дена. Излегов со сопругот да ги земам лекарствата.  И додека  купувавме се јавија соседите куќата ви гори. Оставив во шпоретот мало дрвце колку да има  жар кога ќе се вратиме,  а кога се вративме   домот беше во пламен.   – вели Љуба Манева, која е  внука на велешкиот првоборец Димко Митрев.    

Нејзиниот син е во болница во Скопје, каде се лекувал. Парите од оштета по неговата  претрпена сообраќајка, таа ги искористила за да ја купи ова куќа. Се што имала вложила тука. Сега се на улица. Таа и сопругот Ангел Панов живеат од социјална помош, двајцата невработени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »