Петар Печков
Објавено: вторник, 24 декември 2024
Реализирана е средбата со новиот командир на сообраќајната полиција, Трајче Мечалов, кажа градоначалникот Марко Колев.
Тој ја најави средбата на претходната седница на Советот, по реакциите од граѓаните и советниците а поради потреба од решавање на проблемите со сообраќајот во градот, кои се големи и сериозни.
На средбата констатирани биле неколку проблеми, чии решенија се итно потребни.
„Да се ослободат паркинг местата за легалните таксисти, за да може да се паркираат каде им е местото а не обележаниот паркинг простор да биде зафатено од други возачи. Тие треба да бидат казнувани согласно непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Сообраќајниот метеж при носењето и земањето на деца на училиште во ОУ Блаже Коневски. Проблемот со учениците при големите одмори во Коле Неделковски, Димитрија Чуповски, Гимназијата, се зборуваше и за решавање на паркирањето на улицата кај ДОЗ, кај кафаената Даце. Секако и паркирањето кај Комерцијална банка на платото, ако не се преземе нешто од нив-сообраќајната полиција, тогаш ние како локална самоуправа ќе поставиме некаква физичка бариера, но и да овозможиме пристап за СЕТЕК. Првично се договоривме да не се казнува за сообраќјните прекршоци, туку превентивно да се делува. Ако не се почитува ред, тогаш ќе се казнува. Останува да видиме што ќе преземе сообраќајната полиција. Им понудив, ги поканив да дојдат на седница на Совет, да ги слушнат изворно проблемите“ – кажа градоначалникот Марко Колев.
Tweet |