речник контакт

Осум клубови од Велес со финансиска помош од Агенцијата за млади и спорт

Помошта е за младинските клубови. Пари ќе добијат и две училишта за настапите на нивните спортски екипи

Петар Печков

Агенцијата за спорт и млади со Буџетот за оваа 2018-та година предвиде да помага и спортски младински клубови, што досега не било пракса. 

Од екипните спортови, од Велес едниствено пари ќе добие машкиот одбојкарски клуб ,,Борец,,. И тоа 60 илјади денари. Во останатите, фудбал, кошарка и ракомет подмладоците на  велешките клубови не се на листата. 

Средства се предвидени и за индивидуалните спортови. Така кајак клубот Вардар ќе очекува 135 илјади денари а ККК Бабуна  со  90 илјади денари. На финансиска помош се надеваат и Спортскиот стрелачки клуб ,,Велес,, со  45 илјади денари,  Младинскиот велосипедски клуб  МВК Велес ќе треба да добие 145 илјади денари, Таеквондо клубот Борец ќе добие110 илјади денари.

Средства според програмата ќе добијат и  неолимписките спортови - карате клубот ,,Гладијатор 145 илјади  денари,  пеливан клубот ,,Пеливан,, 60 илјади денари. Има предвидено и средства за училишниот спорт  а во Велес а ќе добијат две училишта едно средно - Економска    и едно основно ,,Васил Главинов,, со по 43 илјади денари.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »