речник контакт

Осум лица уапсени на Долна Бабуна заради поседување различни видови дрога

Акцијата е спроведена на место каде имало забава

Петар Печков

Саботата вечерта и неделата по полноќ,на долна Бабуна велешката полиција уапсила осум лица, кај кои пронашла различни видови на дроги. Акцијата се одвивала во терминот од 19 до 02.10 часот.

„На наведеното место била извршена контрола на лица и возила кои присуствуваат и кои доаѓаат на забава. Притоа, во 21 часот од слобода биле лишени Ѓ.Л.(43 год ) Р.Г.(53 год) од Велес затоа што кај нив била пронајден марихуана. Во 00.30 часот од слобода биле лишени Д.С.(27 год) од Велес и Ф.М.(32 год) од Скопје бидејќи кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ф.М. била пронајдена таблета екстази. Во 01.40 часот од слобода биле лишени Л.С.(43 год) од Скопје, Е.Р.(31 год) од Скопје и А.Ц.(41 год) од Прилеп, затоа што кај Л.С. била пронајдена марихуана, а кај Е.Р. била пронајдена бела прашкаста материја, додека пак А.Ц. била затекната во истото возило со Е.Р.. Исто така, во 02.10 часот од слобода бил лишен С.С. (22 год) затоа што при преглед во возилото кое го управувал била пронајдена таблета“ - соопштија од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата, полицијата  ќе  поднесе соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »