речник контакт

Осуммина ново заразени а дури 36 оздравени од ковид-19 во велешко

Намален бројот на хоспитализирани во велешка Болница и помалку пациенти на кислородна поддршка

Петар Печков

Продолжува трендот на повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19 во велешко. Бројките за изминати 24 часа на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во велешко има осуммина ново заразени а дури 36 оздравени. Или активни се 744 случаи а досега во велешко има 5.205 заразени.

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 87 пациенти,  од кои 73 се потврдени позитивни, шест  сомнителни  и осум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 40 пациенти.  Еден пациент на 65 годишна возраст   е транспортиран во ковид центарот- Козле. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест за ковид-19 – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во Инфективно одделени се 44, на Интерно  пет  во Физикална девет  а во Модуларна болница 29.

фото Трајче Панов

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »