речник контакт

Отворен Паркот на Пријателството

Паркот е подарок од збратимената турска општина Каршијака. Споменикот на Ататурк ќе биде поставен дополнително, откако ќе се добијат дозволите

Петар Печков

Отворен е Паркот на Пријателството, помеѓу Велес и Каршијака и македонскиот и турскиот народ.  На површина од околу илјада метри квадратни поставена е нова урбана опрема, фонтана, чешма. просторот е преуреден.  Тоа е инвестиција на турската Општина Каршијака, дел од Измир, каде живеат голем број иселени Турци од велешко. Паркот на Пријателството е вреден околу 50 илјади евра.

Чувствувам несебично задоволство, што со помош на нашите пријатели од Турција, денес го предавме овој Парк на  пријателството во употреба. Тој  подарок е   доказ на нераскинливите врски, што цврсто ги држат жителите на Каршијака а потекнуваат од Велес и од Македонија. Ги има повеќе до 30 илјади кои се горди на нивното родно место. Нема да бидеме рамнодушни, на нашите пријатели од Турција ќе им испратиме подарок, кој  ќе сведочи на идните генерации за нашето пријателство – рече Славчо Чадиев градоначалник на Велес.

Тој нагласи дека Велес како подарок за Каршијака ќе го постави споменикот на  поетот Кочо Рацин. Споменикот на таткото на модерна Турција, кој треба да биде на дел од фонтана, ќе биде поставен откако ќе заврши целосната процедура за негово поставување.

Се наоѓаме во е местата, родните краишта на нашите дедовци и татковци. Тука сме да го одбележиме моментот, со цел да докажеме дека нашето пријателство е бескрајно и  да го овековечиме со овој парк. Морам да кажам дека тројца советници од 37 се велешаји по потекло. Тоа е исто мост  на пријателство. Ви го кажувам ова за да знаете колку сте важни за нас. Ова е почеток на нашата соработка. Ќе овозможиме размена на средношколци, ќе ја зголемиме соработката со невладините организации,  на економски план ќе имаме голем чекор, за доброто на двете нации.   – рече градоначалникот на Каршијака  

Од Турција  за оваа пригода дојде и познатата пеачка на Румелиски народни песни, Хала Каракаш. Додека домаќините, Велес беа преставени со познатата Велешка чалгија. Нивните настапи наидоа на одличен прием, па за заврте и оро. Имаше многу гости, кои ги вееја  знаменцата на Македонија и Турција. И постари и помлади, кои имааат врски со Турција и турците.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »