речник контакт

Отворен ден во матичното

На што се жалат граѓаните, што е новина во работата на оваа служба. Велешката служба за водење матични книги, меѓу подобрите во земјава

Петар Печков

Управата за водење на матични книги имаше отворен ден во подрачното одделение Велес. Граѓаните можеа да ги кажат нивните проблеми со кои се судруваат во оваа служба. Најмногу интерес имало за водењето евиденција во странство.

Граѓаните најчесто прашуваа за упис на брак во странство, венчавки исто така во некоја друга држава и со странци. Бараа одговор и за грешки кои настанале во водењето на матичните книги на родени, умрени и венчани во минатото. За нив се врши исправка во управен спор.

Можам да ги пофалам вработените од одделението во Велес дека се мошне добри во извршувањето на задачите и дека тука се добиваат изводите во истиот момент, во еден ден. Започнат е проектот електронски матичен регистер и Велес годинава ќе биде приклучен кон него.

Бенефит од тоа е што ќе може од тука да се вадат документи извод за венчавка, брак, раѓање, смрт  за било кој друг град во Македонија.  Новина е што од почетокот на годинава воведен е систем на електронско плаќање преку картичка. Барателот  наместо да оди и плаќа во пошта, може директно да ја плати таксата и да заштеди 35 денари  кои се поштарина – изјави Ашим Зекировски Директор на Управа за водење на матични книги.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »