речник контакт

Отворен мотелот Македонија

Свечено отворен, мотелот за кој велешани се емотивно врзани, и по осум годин и повторно проработи

Петар Печков

Мотелот Македонија, во близина на   Велес, покрај автопатот Табановци - Гевгелија, по осум години пауза   повторно е отворен, овој пат од новиот сопственик Мите Јовановски, газдата на ланецот бензински пумпи Макоил.

Мотелот беше и остана најголем и единствен сместувачки објект покрај автопатот во должина од 180 км, место каде можат да здивнат дел о патниците. Со ова по долги години е симнат еден од проблемите, како барем за час да се задржат, дел од милионите странци кои се само на минување низ Македонија. Мотелот  свечено го отвори Архиепископот на МПЦ г.г. Стефан кој  посака успешна работа и многу гости.

Со овој мотел сакаме да ја пополниме празнината на туристичката понуда, во должина на автопатот.   Се потрудивме да го направиме европски, модерен објект со македонски цени на услугите. Тој ќе биде достапен за секој што минува по автопатот да се одмори, да се освежи, јаде, Малку се оддолжи неговото отворање, но сепак тоа беше значајна инвестиција – вели  Мите Јовановски.

Мотелот има  36  луксузно опремени соби со 75 легла во едно, две и три креветни, повеќе летни тераси за 400 гости и ресторан за 500 посетители. На гостите им е достапен и авто -камп, со комплетна инфраструктура, кој  има 80 парцели. Во него се вработени 30 лица.  Од нив, како и од целиот објект, кој е во стар македонски стил со чардаци, тераси, се пружа прекрасен поглед кон реката Вардар и целиот крај, кој е засаден со лозја.

Сопственикот не открива колку вложил во неговото реновирање, но вели дека е многу повеќе отколку што го купил. Заради целината на услугите, тој во дворот на мотелот изгради и бензинска пумпа, која  работи три години а најавува отворање на винотека и сувенирница.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »