речник контакт

Отворен музеј на Македонската железница

Има поставено стотина предмети поврзани со работа на железничарите, собрани од железничките станици во земјава, кои се дел од историјата на МЖ

Петар Печков

За јубилејот 150 години од македонската железница, во Скопје беше отворен Музејот на железницата. Во просторијата која се наоѓа на железничката станица во Скопје, има поставено стотина предмети поврзани со работа на железничарите, собрани од железничките станици во земјава.  Тие претставуваат дел од историјата на МЖ.

„Најстар експонат, документ кој го поседуваме е план катастар за изградба на пругата од Солун до Митровица. Тој е од 1888 година, цртан е на паус, од германски инженер за потребите на отоманската држава. Тоа  е цртеж  километар по километар, како изгледа пругата, откако е таа изградена. Многу интересен и  значаен документ  за нас“ - кажа   Ванчо Милошевски, во МЖ Македонски железници инфраструктура, кој беше задолжен за поставката.
 
Најстар предмет е  Морзеов телеграфот, кој служел за комуникација помеѓу железничките станици произведен од 1888 година, производство на СИМЕНС, пронајден на станица Гевгелија.  Меѓу постарите експонати е механички блок апарат за регулирање на железнички сообраќај, српско производство од 30  години на минатиот век.

Меѓу експонатите  има и неколку макети од рачни изработки на патнички и товарни вагони но и  моторна локомотива. На десетина паноа, има опис за развојот и создавањето на железницата и во светот и кај нас, во Македонија.   

Првиот воз во Македонија стигна во Велес 1873 година на 9 април, тргнал од Солун.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »