речник контакт

Отворен фестивалот на фолклорни ансамбли Велес 2014 (фото)

18 ансамбли, 300 учесници од 10 земји ќе го претстават фолклорот од различни делови на светот

Петар Печков

Со свечено дефиле вчеравечер, по улиците низ градот започна 11-тиот меѓународниот   фоклорен фестивал „Велес 2014”. Преплетувајќи ги боите на 18-те ансамбли, со 300 учесници од 10 земји,  Македонија, Русија, Словенија, Турција, Италија, Романија, Србија, Полска, Израел и Бугарија тие беа вистински празник за бројните присутни,  преку  играта, песната, традицијата и обичаите.

Следниве  денови градот ќе живее во ритамот на фестивалот.  Велес уште еднаш ќе потврди дека е град на мостови но овој пат на мостови на пријателството што обединуваат и градат трајни врски меѓу народите. Тоа ја оправдува и нашата гордост и среќа што сме домаќини на најголемите амбасадори во светот  – рече градоначалникот Славчо Чадиев отворајќи го фестивалот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »