речник контакт

Отворена сувенирница во археолошкиот локалитет Стоби

Овој најголем и најзначаен археолошки локалитет од почетокот на годинава досега го посетиле околу 8.000 посетители

Петар Печков

Денеска на археолошкиот локалитет Стоби беше отворена сувенирница, нов објект кој е дел од проектот на Министерството за култура за изработка, поставување и ставање во функција на 20 унифицирани монтажно-демонтажни објекти наменети за продажба на сувенири и друг вид културно-туристички промотивен материјал.

Во оваа продавница, која ја отворија министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, директорката на НУ Стоби, Силвана Блажевска, и градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев, а со која ќе стопанисува оваа национална установа, сите посетители на археолошкиот локалитет ќе имаат одлична можност да видат и да купат разни предмети и културно-туристички промотивен материјал. Во неа ќе можат да се најдат копии од артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Македонија, приврзоци, сложувалки, разгледници и друго.

Pеализацијата на проектот ќе овозможи поголема промоција на културното богатство на нашата земја во пошироки рамки. Ова културно богатство е со особено значење за афирмација на нашата држава, како и за развој на туризмот, што секако е наша стратегиска определба - рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Вакви сувенирници, освен во Стоби, се отворени и во Дојран, Ресен, Крушево, Берово, две во Охрид, Битола, во близина на Гевгелија кај граничниот премин Богородица, како и пет сувенирници во Скопје. 

Инаку, овој најголем и најзначаен археолошки локалитет, кој годишно е посетен од над 13.000 посетители, од почетокот на годинава досега го посетиле околу 8.000 посетители

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »