речник контакт

Отворена изложба ,,Ризница од вредности и значења,,

Авторот Агрон Салиу се претставува со 35 портрети,за кои стручните лица посочија дека се под влијание на Модиљани и Ворхол

Петар Печков

Вчеравечер во  Ликовниот салон во Велес беше отворена  изложбата на слики на  ликовниот уметник од Тетово, Агрон Салиу. Дипломирал на Тетовскиот Универзитет, факултет за Ликовна Уметност отсек сликарство, во класата на проф. Илиријан Беќири. Пред велешката публика се претстави со изложба насловена ,, Ризница од вредности и значења,, со  35  дела - портрети.  

Портретот низ историјата претставува историски документ и сведоштво за сопствениот идентитет и постоење. Преку овие портрети авторот ја гледа длабоката психолошка а пред се емотивна природа на ликот кој го презентира. Неговите дела сплотуваат различен дијапазон на   автори во кои гледачот може да препознае Модилијановска смиреност и  елегантност, концепциската структура на сликата на Едни Ворхол - рече директорката на народен Музеј Велес Анита  Василовска Мидоска.   

Салиу учествувал на повеќе самостојни и групни изложби, проекти, активности во културата, во земјава и странство. Самостојни изложби уметникот реализирал во Сараево, Подгорица, Виена, Берлин, Париз, Кичево, Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, а учествувал и на повеќе групни изложби во Гостивар, Тетово, Скопје, Сараево и други градови. Центарот на интересот на изложбата се портрет и на млади жени и старци, каде со сложениот систем на гестови и мимики на нивните лица, преку експресивно асоцијативниот израз ги доловува нивниот карактер и емоции. 

Овој жанр на портрет го третирам десетина години и тоа се мои персонажи. Но има моменти кога имаат карактеристики на некои мои б лиски од семејството. Зависи од моето расположение или моето задоволство или незадоволство. Некои од лицата се со едно око или без двете, што е одраз на моето незадоволство оти  народната вели ,,по ќор од тој што не сака да гледа, нема,, - реќе Салиу. За споредбите со Модиљани и Ворхол рече дека негов идол е Модиљани и да гледа негово дело сто пати секогаш различно го доживува и се воодушевува. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »