речник контакт

Отворена изложба во Националната универзитетска библиотека на оригинални книги од и за Кочо Солев

Изложените дела се сопственост на НУБ „Климент Охридски“ од Скопје

Петар Печков

Националната  универзитетска библиотека „Климент Охридски“ од Скопје   отвори изложба во чест на Коста Солев.  Пред јавноста се поставени дел од оригиналите на дела на поетот Рацин како и дел од публикациите посветени на него. Истите се сопственост на НУБ. 

„Кочо Рацин во време на Втората светска војна е нераскинливо врзан со нашата институција, тогашната Народна библиотека. Во просториите на Библиотеката, директорот Георги Шоптрајанов го криел Кочо повеќе месеци од фашистичките агенти“ – соопштија од институцијата. 

Покрај тоа што Кочо се криел во Библиотеката бил и голем љубител на книгата и на пишаниот збор, и често  земал  да прочита книга.

Изложбата може да се погледне секој работен ден од 9 до 17 часот, и ќе биде отворена за јавноста до  крајот на работната седмица, до петок 19 јуни. 

фото:  НУБ „Климент Охридски“ Скопје 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »