речник контакт

Отворена ликовна изложба на Владимир Темков

Триесетина дела, масло на платно на тема ,,Моите житни полиња,, десетина дена ќе бидат изложени во Ликовниот салон

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена 28-та самостојна изложба на ликовниот уметник од Кавадарци, Владимир Темков. На изложбата се претставени 30 дела масло на платно од неговиот последен циклус  насловен „Моите житни полиња‘‘.

Таму каде ќе отидете и ако го однесете поднебјето со себе, изворното од својата држава и препознатливото, токму  тоа  што го бара  ликовната сцена, независно дали се претставувате во Париз, Њујорк или Милано. Ете токму тоа го има во  творештвото на  Владимир Темков, кој во Велес доаѓа директно од својата изложба во Париз, од срцето на европската уметност во срцето на Македонија - изјави ликовниот уметник проф. д-р Фехим Хусковиќ, кој говорешер за делото на авторот.

Тој изјави дека Темков, кој цртежот  го носи  со себе,  пренесен на платно, пејсажот, житните полиња и полињата на лозјата се карактеристика на неговиот последен циклус.

Ова е едно мое  видување, мое размислување на полето на житото, на пораката што ја носи  полето во овој крај, на Македонија, на жешкото сонце, на топлите краишта на житото кое го носи изворот на животот, на лебот кој го јадеме. И сето тоа трансформирано во мене на еден информалистички, експресивен начин  прикажан на платно, онака како што јас го гледам и чувствувам, изјави авторот Владимир Темков.

Изложбата во Ликовниот салон ќе биде отворена десетина дена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »