речник контакт

Отворена ликовната изложба Папрадишки мајстори

Поставени се 30-тина дела и две скулптури

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела од годинешната ликовна колонија ,,Папрадишки мајстори,,..  На изложбата се поставени 30-тина дела, повеќето масло на платно, како и д е скулптури.  

Тие беа создадени на крајот на месец август, кога 23 уметници од Полска, Русија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Унгарија  и Македонија, твореа во куќите на уметноста, на Касапови и на Џинот.

Таа се организира по повод Денот на Општината 9-ти ноември и  е дел  од општинските свечености Изложбата ја отвори градоначалникот Славчо Чадиев, кој потенцира дека ликовните дела создадени на колонијата ја дополнуваат уметничката ризница на Велес и станаа дел од бројните автори кои  трајно оставиле трага во културното живеење на  градот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »