речник контакт

Отворена манифестацијата ,,Велес град на културата за 2015,,

Голем интерес во преполната сала на новата тетарска зграда, која беше претесна да ја прими публиката .

Петар Печков

Со прикажувањето на црно белите филмови на бараќата Манаки, снимени од пред еден век, во Велес неделата вечер беше отворена манифестацијата ,,Град на културата,, за 2015 година.  Црно белите филмови кои по трет пат се прикажуваат во Македонија, по Битола и Скопје, предизвикаа интерес во преполната сала на новата тетарска зграда, која беше претесна да ја прими публиката.

Искено се надевам дека со проекцијата на  овие  исклучително значајни филмски материјали, кои датираат од пред еден век, најсоодветно ја започнуваме богатата културна програма на Велес, кој годинава е град на културата.  Убаво е што повторно го празнуваме филмот во Велес - рече Мими Ѓоргоска Илиевска , директор на Кинотеката на Македонија.

Немите филмови на браќата Манаки музички ги оживеаја таткото и син Благој и Бојан Маротови. 

Во сите области каде во Велес се удрени темелите на културните правци, театарската уметност, литературата, сликарството, музиката, фолклорот, филмот, Општина Велес се потруди да осмисли културни анстани и нив да ги вгради во преоектот ,,Град на културата,,. Така да им се оддолжиме на културните дејци но и да ги промовираме и афирмираме велешките и македонските уметници - ијзави Славчо Чадиев градоначалник на Велес.

 Тој се заблагодари на Министерството за култура, што манифестацијата ја додели на Велес, а воедно во името на културните институции, установите, уметниците, се обврза дека довербата заеднички ќе ја оправдаат. Со ноќта спроти Водици, започна велешката културна приказна, која низ 67 проекти и 200 настани на велешани ќе им понуди театарски претстави, фолклорни ракувања, ликовни изложби, стихови, колонии, фестивали, балет и опера.

 Следната содржина  од ,,Велес град на културата,, е в четврток, промоцијата на книгата на Раде Силјан 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »