речник контакт

Отворена медиотека за деца и млади во Извор

Создаваме целина на образовниот процес како и слободното време на децата и младите од Извор- кажа градоначалникот на Чашка Горан Стојановски.

Петар Печков

Општина Чашка отвори медиотека за деца и млади во  Извор.  Таа е отворена со финансиска поддршка од ALLIANCE ONE.  Медиотеката ќе ја користат децата кои го следат воспитно- образованиот процес во ПОУ„ Петре Поп Арсов“.Во ПОУ„Петре Поп Арсов“во Извор учат вкупно 59 деца од I до IX одделение

Со адаптација на просторот  создаваме целина на образовниот процес како и слободното време на децата и младите од Извор - кажа градоначалникот Горан Стојановски. 

Реконструкцијата опфати промена на електричната инсталација, поставување на ламинат во просториите од околу 70 м2, промени на врати како и набавка на 25 конгрес столчиња. Се изврши опремување на просториите со компјутери , телевизор се со цел непречено функционирање на објектот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »