речник контакт

Отворена реновираната продавница на Жито Маркети во населба Железарница

Жито Маркети ја обновува и ја проширува сопствената мрежа

Петар Печков

Жито Маркети продолжува со освежувањето и зголемувањето на соствената мрежа низ целата држава. Последен во низата реновирани маркети е продавницата лоцирана наулицаФилип Филиповиќ, број 2А, во населбата Железарница, во Скопје.

“Овој е уште еден во низата наши реновирани објекти, во којшто воведуваме нови трендови и го организираме просторот во согласност со потребите на нашите ценети потрошувачи. И во следниот период ќе продолжиме со реновирањето и збогатувањето на нашата мрежа низ целата држава.”, велат одговорните во Жито Маркети.

Вореновираниот маркет може да се најде зголемен асортиман од различникатегории производи по поволни цени, вклучително и сопствениот приватен бренд на Жито Маркети – “5ка”. Маркетот располага и со простор за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува, од Фрутленд.

Продавницата е со вкупна површина од близу 700м2, со сопствен магацински простор, има три наплатни каси, со петнаесетина вработени. Работното време од понеделник до сабота е од 07:30 - 21:30часот.

 ПР текст

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »