речник контакт

Отворена фабрика за сточна храна на УНИ АГРО

Вредноста на инвестицијата е 106.3 милиони денари, од кои 51.8 милиони денари се кофинансирани преку ИПАРД, половина е од сопствени средства на инвеститорот

Петар Печков

Отворена е  нова фабрика за сточна храна, сопственост на УНИ АГРО. Таа  која дополнително го развива македонскиот исток и аграр. Вредноста на инвестицијата е 106.3 милиони денари, од кои 51.8 милиони денари се кофинансирани преку ИПАРД, половина е од сопствени средства на инвеститорот УНИ АГРО. Фабриката за сточна храна се наоѓа во близина на селото Каратманово.

„УНИ АГРО е успешна приказна и уште еден капитален проект финансиран преку #ИПАРД програмата на МЗШВ. Им честитаме на Ненад и Дарко Стојанови, млади и успешни сопственици, за храброста и визионерството“- порача Министерот за земјоделие  Љупчо Николовски при отворањето на фабриката.

Капацитетот  за складирање на житарки  е 15.000 м3, производствена хала е на  1800 м2, има целосна автоматска линија за производство на сточна храна со капацитет до 200 тона на ден и 50 нови вработувања. Проектот е одобрен од ИПАРД 2 програмата на ЕУ.  Нејзиниот камен темелник беше ставен на 21 ноември 2018-та година. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »