речник контакт

Отворена јубилејна изложба за 150 години од раѓањето на Ѓорѓија Зографски (фото)

1918 година, граѓаните на Велес како на еден од видните граѓани, со демократски убедувања и ценет зограф, го избираат за кмет на градот

Петар Печков

Во средата навечер во просториите на Националната галерија -објектот Чифте амам, во срцето на старата скопска чаршија, беше отворена Јубилејната изложба во чест на големиот Ѓорѓи Зографски, по повод 150 години од неговото раѓање.

На јавноста и се нуди можноста  да ги погледне делата на овој великан на македонското сликарство, кој творел кон крајот на 19-от и првата половина на 20от век.  Изложбата на која се претставени 50-тина дела на Зографски  ја отвори директорката на Националната галерија, Дрита Старова Керими.  Кураторки кои ја подготвија изложбата се  Славица Алексоска и Маја Неделковска Брзанова.

Изложените дела  се дел од колекциите на Националната галерија, Народен музеј – Велес, црквите „Св. Пантелејмон“, „Св. Спас“, „Св. Димитрија“ и „СВ. Богородица“ – Велес, велешката Гимназија Кочо Рацин, како и дел приватни сопственици. Изложбата е поставена  до 26-ти ноември.

Ѓорѓи Зографски е роден е во село Папрадиште, велешко во 1871. Умрел од настинка, во декември 1945 година, на 74-годишна возраст во скопската болница, каде што бил пратен на операција на очите (перде).

Тој е еден од најдоследните следбеници на Димитар Андонов - Папрадишки (1859–1954), со кого започнува нов период во развојот на ликовната уметност во Македонија. Во однос на нешто постариот, Андонов, иако припаѓа на иста генерација, иста духовна клима и време, Зографски својата уметничка личност и развој ја формирал по други патишта имајќи ги предвид општествено-политичките и културно-уметничките прилики во средините во кои се движел и создавал  -Македонија, Русија, Бугарија и Србија.

За време на окупацијата на бугарската војска во 1915, доживува непријатна епизода со една слика - портретот на кралот Петар I, поради кој поминал 15 дена во затвор.

По завршувањето на војната, 1918 година, граѓаните на Велес, од почит спрема него, како на еден од видните граѓани, со демократски убедувања и ценет зограф, го избираат за кмет на градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »