речник контакт

Отворено писмо од семејството Страчковски, за поставувањето на спомен бистите

Најдете соодветно место во градот каде ќе ги поставите, место достапно за сите со тоа да продолжиме да ја раскажуваме историјата на градот, се вели во отвореното писмо на семејството Страчковски, роднини н Народниот Херој

Петар Печков

 Ви се обраќаме од името на цела фамилија Страчковски.
Ви се обраќаме Вам како на медиум преку кој како семејство можеме јавно да го искажеме нашето мислење поврзано со изградбата на Алејата на Великаните која е се поактуелна деновиве.

Деновиве сме сведоци на нешто што создаде големи тензии помеѓу народот. Имено општинските власти изгласаа предлог со кој е одлучено бистите на народните херои и борците од НОБ да се постават пред спомен Костурницата. Веднаш на почеток ќе кажам дека како семејство на народниот херој Благој Страчковски силно се спротивставуваме на ваквата одлука, а можеме да забележиме преку јавните анкети дека и народот е против ваквата одлука.

Замислата на проекот е добра но местото на тие борци не им е кај спомен Костурницата. Сите знаеме дека дека тоа место не е безбедно, а што е најважно бистите ќе бидат далеку од очите на народот.

Еве до го земеме примерот на Скопје 2014. Сите споменици се поставени во централното градско подрачје, а знаеме и зошто, за да бидат поблиску до народот. Истото и ние како општина треба да го направиме. Бистите и сите други културно историски обележја да бидат во градот.

Затоа како семејство на народен херој бараме да се промени одлуката на советот. Ова прашање треба да се реши во интерес на граѓаните и семејствата на загинатите без мешање на било какви политички субјекти. Оставаме на волјата на советниците дали ќе го послушаат барањето на граѓаните кое и самите сме свесни дека стана тема на конфликти деновиве. Ние како семејство само едно ќе им порачаме - најдете соодветно место во градот каде ќе ги поставите, место достапно за сите со тоа да продолжиме да ја раскажуваме историјата на градот и слободата која и како тешко ја имаме добиено благодарение на овие важни личности.

 Семејство Страчковски

Ова писмо Ви го испраќаме вам бидејќи ве сметаме за медиум кој најсоодветно може да ја пласира оваа изјава пред јавноста.

Исто така Ви благодараме на вниманието и можноста да го искажеме нашето мислење преку вашиот медиум.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »