речник контакт

Отворено француско катче во Велес

Французите на велешката библиотека и подарија 1.400 книги

Петар Печков

Алзашко – Македонското друштво на пријателство ,,Ал -Ма ,,на Велес му подари 1,4 илјади книги кои се дел од Француското катче во велешката библиотека Гоце Делчев.  Оваа донација од стручна литература, белетристика, детски книги  ја предаде француската амбасадорка во Македонија Карен Роше.

Донацијата е плод на соработката на Велес во сите франкофонски активности и градот покажува силна желба за соработка. Во обезбедувањето на овие  книги учествуваа повеќе француски партнери и здруженија – изјави Карен Роше  в.д. амбасадор на Франција во Скопје.

Изразувајќи благодарност за овој гест, градоначалникот на Велес смета дека ова е почеток на едно долго пријателство.

Вложувањето во оваа библиотека е залог за иднината. Од неа ќе се образуваат читаат многу млади идни поколенија, со што македонско - француското пријателство ќе има долг век. Очекувам дека ова пријателство ќе се развива и преку економијата  - рече Горан Петров градоначалник на Велес. 

Во чест на отворањето на Француското катче се одржа концерт во салата „Бели Мугри“  каде присутните имаа можност да слушнат весела музика од Алзас во изведба на Жан-Пјер Албрехт во придружба на пијанистот Дино Имери. На концертот настап имаше и  актерот Васил Зафирчев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »