речник контакт

Откриен живопис во манастирот Св. Димитрија од пред 19-ти век а подоцна од 14-ти

Легендата кажуваше дека црквата била пет века закопана под земја, но новото откритие не може да го потврди ова верување

Петар Печков

При крајот на конзерваториските активности во манастирската црква СВ. Димитрија крај Велес, откриени нови моменти, кои даваат повод за додатни истражувања. Ако претходните откритија, беа во просторијата под камбанаријата,   новите се лоцирани при сондажните истражувања  на долната зона од  јужниот ѕид од црквата.  

„Откривме нов живопис, многу интересен за науката и постоењето на црквата. Тој се наоѓа под тој од 19-ти век, или изработен е порано. Станува збор за живопис, кој не е дел од тој што го откривме дека е од 13-14 век, туку подоцна. Мали се сознанијата за него, кога настанал, но фрла нова светлина за црквата. Се гледа дека е работен со друга техника на работа, други пигменти од овие постојните“ - кажа Владо Муковски, советник конзерватор за ѕидно сликарство при  Националниот конзерваторски центар од Скопје

Конзерваториските работи на фреските од Страшниот суд,  траеја скоро еден месец, а ги изведуваа стручните лица од Националниот конзерватоски центар од Скопје. Дали ова ново откритие ќе фрли нови моменти за постоењето на црквата, одговор треба да се добие од истражувањата кои се очекува да продолжат и наредната година. 

Доколку се докаже дека новооткриените фрески се порано од 19-ти век а подоцна од 14-ти, тогаш и легендата, која велешани ја раскажуваат,  дека манастирот бил закопан пет века под земја, по доаѓањето на Османлиите, ќе падне во вода.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »