речник контакт

Откриен идентитетот на починатиот во пожарот во куќата кај Варналиите, се уште не е познато кое е лицето кое беше најдено мртво кај тунелот пред Рајко

Институтот за судска медицина со полни раце работа

Петар Печков

Утврден е идентитетот на лицето чии остатоци беа пронајдени во куќата на Паунови, во месноста Варналиите, која изгоре во пожарот од 20-ти декември.  Институтот за судска медицина, ја споредил ДНК на остатоците кои беа пронајдени со ДНК на негови блиски, по што констатирал дека лицето е Миле Паунов.  Тој неодамна беше погребан на семејните гробишта. 

ТрМр го праша  ОЈО Велес, дали е откриен  идендитетот на лицето пронајдено мртво, на 4-ти јануари годинава, на пругата Велес- Скопје, близу станица Рајко?  Како и дали се откриени  причините за смртта? 

Идентитетот на лицето не е утврден до овој момент. Основното јавно обвинителство Велес веднаш по настанот издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот со цел утврдување на причините за смртта. Извештајот од извршената обдукција се уште не е доставен до надлежното обвинителство - информираа од ОЈО.

За потсетување МВР соопшти дека на 4-ти јануари 6.45 часот во СВР Велес било пријавено дека машиновозачот С.В.(50) на товарен воз на релацијата Гевгелија - Скопје, забележал човечки труп.  Пронајдено човечко тело, пред тунелот кај Рајко, било на делови.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »