речник контакт

Откриен најстариот скелет на човек на Земјата

Му припаѓа на родот Australopithecus и е стар 3,67 милиони години. Името му е „Мало стапало“.

Петар Печков

По 20 години бавно и внимателно ископување, конечно е откриен најцелосниот скелет на антички човечки предок на светот. Му припаѓа на родот Australopithecus и е стар 3,67 милиони години. Името му е „Мало стапало“ бидејќи откритието почнало со 3 мали коски од стапало. 

Ова не е најстариот скелет од човек што некогаш бил најден, бидејќи бил откриен и друг наречен „Арди“, за човечки род кој живеел во Етиопија пред 4,4 милиони години. Но, „Мало стапало“ е значително покомплетен од „Арди“, па може да понуди повеќе информации за раните предци – како се движеле, како изгледале. Можеби ќе се откријат податоци дури и за средината во која живееле и каква храна јаделе. 

Скелетот е долг 135 центиметри, релативно е мал, а припаѓа на жена, односно се смета дека се работи за младо девојче. Нејзините нозе се подолги од рацете, а се смета дека одела исправено и живеела на дрвја. Скелетот бил пронајден во карпа, па научниците имале многу работа додека да го отстранат. Процесот барал екстремно бавно и внимателно ископување. 

Во моментов скелетот го анализираат истражувачи од повеќе места од светот за да се здобијат со што повеќе информации, па во наредните години сигурно ќе произлезат низа студии во врска со овој пронајдок.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »