речник контакт

Откриена група дрвокрадци со 14 м кубни нелегано исечени дрвја

Сите шестмина биле жители нa Бузалково

Петар Печков

Саботата попладне, во атарот на велешкото село Сопот, била откриена група на лица за кои полицијата тврди дека се фатени при дрвокрадство. Групата броела шест лица сите жители на селото Бузалково.

„На 14 октомври  во 16 часот во атар на село Сопот, велешко, полициски службеници од СВР Велес и од Шумска полиција ги лишиле од слобода Т.С.(51 год), Е.И.(28 год), Џ.И.(40 год), М.Ј.(39 год), Х.С.(35 год) и С.С.(35 год), сите од Бузалково, велешко. Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво и кај нив биле пронајдени три моторни пили и товарно возило натоварено со четири кубни метри исечено огревно дрво, а во близина на местото биле пронајдени уште 10 кубни метри исечено огревно дрво“ - соопштија од МВР.

Возилото и пилите биле одземени за понатамошна постапка, а дрвата ќе бидат преземени од Шумска полиција и Шумско стопанство. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото архива

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »