речник контакт

Откриена група мигранти како се движат по пругата Неготино - Велес

Биле откриени при прелет на хеликоптер

Петар Печков

При прелет на полициски хеликоптер биле пронајдени 30 мигранти како се движат по пругата Неготино - Велес. Настанот бил случен денес а мигрантите  биле префрлени во транзитен центар.

„Денеска 13 септември во 11 часот, при прелет со хеликоптер на МВР, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Југ, на место викано „Лагот“ помеѓу железничка линија Неготино- Дуброво, откриле 30 лица мигранти“ - соопштија од МВР.

Од мигрантите  осум лица биле од  Пакистан, пет од Конго, четири од Мали, четири од Гамбија, три од Бурунди, две од Гвинеја, две од Камерун, еден од Сиера Леоне и еден од Уганда. Мигрантите се пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

фото илустрација

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »