речник контакт

Откриени крадците на 61 мини лап -топ

Полицијата ги осомничи В.П и М.Ѓ од Велес

Петар Печков

СВР  Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против В.П. (23) и М.Ѓ.  (21) и двајцата од Велес, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Полицијата информира дека ноќта помеѓу 6-ти и 7-миу септември годинава осомничените со подесен алат ја отвориле влезната врата од ОУ Кирил и Методиј лоцирано на улица „Архиепископ Михаил“ , потоа  се качиле на горниот кат  и со туркање ги отвориле вратите од две училници и одзеле 61 мини лап-топ компјутер како  и опрема за истите. Предметите ги сокриле во стан во Велес и планирале да ги продадат. 

На 16 септември  годинава, по претходно добиени оперативни сознанија,  пронајдени и одземени од се  осомничените лица 61 мини лап-топ компјутер кои се вратени на ОУ Кирил и Методиј - Велес.

Полицијaта информира дека Осомничените и претходно се пријавувани за кривично против имотот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »