речник контакт

Откриени крадците на опремата од ЕВН, МРД и мобилните оператори

Проценетата штета 4,7 милиони денари

Петар Печков

     Велешката полиција ги открила крадците кои периодот февруари - август крадеа опрема од ЕВН, МРД и ОНЕ  операторот  и против две лица поднесе кривични пријави. Е.В. (35 год ) и Р.А. (43 год и двајцата од Велес, заедно сториле седум кривични дела,  четири  „тешка кражба“ и три „кражба“, со што на „Македонска Радио Дифузија“ , „ЕВН“ и мобилниот оператор „ОНЕ“ им нанеле вкупна материјална штета од околу 4,7 милиони  денари.

Според СВР Велес осомничените во три наврата, односно,  3-ти февруари, 15-ти  јули и 17/-ти август, дошле до објектот на телевизискиот предавател викан „Башино Село“, сопственост на „Македонска Радио Дифузија“ го скршеле катанецот и  ја извадиле металната врата.

Во првиот случај демонтирале и одзеле еден клима уред, акумулатори и кабли за напојување на акумулаторите, додека, во вториот случај ги демонтирале уредите на репетиторот и агрегатот за струја од каде ги извадиле бакарните елементи.

Во третиот случај, го извадиле агрегатот, од резервоарот ја извадиле нафтата, одзеле дигитален предавателен систем и комплетна електрична инсталација. Со извршените три кривични дела „тешка кражба“, осомничените причиниле материјална штета на „Македонска Радио Дифузија“ од околу 4,4 милиони  денари.

Пријавнете  Е.В. и Р.,Д. на  17-ти и 18-ти  август  годинава, од објектот на базна станица „ОНЕ“ Велес-АУТ лоциран над црква Св. Спас, кој бил наменет за емитирање на мобилни сигнали, со употреба на подесен алат и физичка сила ја отвориле влезната врата и од внатре одзеле составни делови од клима уред кој служел за разладување на телекомуникациската опрема. Со ова, причиниле материјална штета од околу 245 000 денари на базна станица „ОНЕ“- Велес Аут. 

Во текот на месец август во три наврата, односно, 5-ти , 17-ти и 18-ти  август, осомничените сториле три кривични дела „кражба“ од објекти сопственост на „ЕВН“, при што причиниле материјална штета од 45 000 денари.

Во два наврата, во трафостаницата сместена во задната страна на Пензионерскиот дом лоциран на улица „Петре Прличко“, преку отворот за вентилација влегле внатре и одзеле бакарни кабли и други предмети, со што предизвикале прекин на електричната енергија до потрошувачите и штета на апарати во домаќинствата.

Во третиот случај, преку отворот за вентилација влегле во трафостаницата сопственост на „ЕВН“ сместена на улица „Прохор Пчински“ во непосредна близина на паркингот пред црква Св. Спас во Велес, и одзеле бакарни предмети, со што предизвикале прекин на електричната енергија до потрошувачите и штета на апарати во домаќинствата.  

Двете лица против кои СВР Велес поднесе кривична пријава  и претходно биле пријавувани за вакви и слични кривични дела, за што им се изрекувани и затворски казни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »