речник контакт

Отпишан долг за јавно осветлување, за уште 20 велешки семејства

Тие должеле од 96 до 7.294 денари или вкупно 63 илјади денари

Петар Печков

 Уште 20 велешки семејства добија  отпис на долгот по основ накомунална такса за користење и одржување на јавно осветлување.На двете последни седници од минатата  година, Советот на Општина Велес, едногласно ги отпиша долговите на 7 односно 13 лица.  

Подонесувањето на оваа одлука истата се доставува до должникот и до ЕВН Македонија. На 44-тата седница беше отпишан долг од 45.575 денари или тој се движи од 96 до 6.728 денари. Во просек  долгот изнесува  3.505 денари На 45-тата седница беше отпишан долг во вкупна вредност од  17.438 денари и се движеше од 560 до 7.294 денари.

Или во просек тој изнесува 2.491 денари.  Од економски причини овие семејства не можеле да го плаќаат јавното осветлување во општината, преку нивните сметки за електрична енергија.  

Претходно во два наврати исто така беа отпишани долгови за јавно осветлување.   На седницата во јули бе а опфтени 83 лица од територијата на Општина Велес. Висината на долгот се движи од 48 денари до 8.200 денари. Вкупната вредност на отпишаниот долг за јавно осветлување  беше 235.600 денари.  Или во просек секој од должниците имал долг кон ЕВН за јавно осветлување од 2.600 денари.  

Во октомври  беа опфатени 51 лице од територијата на Општина Велес. Висината на долгот се движеше од 200  до 5.100 денари. Вкупната вредност на отпишаниот долг за јавно осветлување  беше 79.000 денари.  Или во просек секој од должниците имал долг кон ЕВН за јавно осветлување од 1.550 денари. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »