речник контакт

Отруени кучиња пред кујната на Жито Вардар

Кој сe заканува со здравјето и на луѓето?

Петар Печков


 Утрово до ТрМр  стигнаа фотографии, од  мртви кучиња, во дворот на поранешната кујна на АД Жито Вардар. Според реакцијата на посетителката, станува збор за труење, колку што таа можела да види по телата на овие бездомни животни.

„Колку мизерно однесување на некои наши сограѓани. Дали се свесни дека со ваквото фрлање на отров на отворено, прават кривично дело.  Се надевам дека ќе реагира и полицијата во чие соседство се има ова случено. Не сакам да размислувам што може да се случи со овој отров, по животот на луѓето“ - вели велешанката.

Познавачите на оваа проблематика велат дека овде не станува збор за труење со отров за глувци, бидејќи така кучињата умирале подолго време.

Овде било случај на труење со отров „ланате“, кој иако не е дозволено да се продава може да се најде под рака во некои земјоделски аптеки. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »