речник контакт

Отстранета бистата на Тодор Александров

Од завчера вечер во Велес ги нема ниту бистата на Тодор Александров ниту неговиот постамент, откако сопственикот на дворот каде тие беа поставени сами ги отстрани.

Петар Печков

Од завчера вечер во Велес ги нема ниту бистата на Тодор Александров ниту неговиот постамент, откако сопственикот на дворот каде тие беа поставени сами ги отстрани. Постапувајќи по решението на локалната власт и градежниот инспектор, Драги  Каров со механизација во вторникот вечерта ја отстрани нелегалната биста, која заврши во неговиот дом додека постаментот без месингените букви беше однесен на ѓубриште.

- Бистата на Александров ќе ја чувам дома, ќе се сменат времињата во Македонија и повторно ќе ја поставам – кратко изјави Драги Каров, сопственик на куќата, кај велешани позната како „Бугарска амбасада“ во чиј двор таа беше поставена. Во неделата на нејзиното отврање имаше гости од Бугарија, кои вееја бугарски национални знамиња, поради што Каров како организатор заработи прекшочна пријава. На свеченоста присустуваше и лидерот на бугарското ВМРО и член на тамошнмиот парламент Красимир Каракачанов.

Локалната самоуправа на општина Велес информираше дека тие издале две решенија за отстранување на нелегалниот споменик, кој неговиот сопственик ги испочитувал.

- Со програмата на работа кој Советот на општината го донесува, во Велес не е предвидена изградба на споменик на Тодор Александров. Затоа тој е нелегален и побаравме да биде остранет, што во два наврати од сопственикот беше сторено – изјави Соња Пренџова Јурукобска, раководител на секторот за урбанизам. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »