речник контакт

Отстранети наносите на мостот на река Вардар кај Пепелиште

Исчистени се наносите кои му се закануваа на мостот на реката Вардар кај неготинско Пепелиште. Акцијата е изведена во текот на вечерашниот ден

Петар Печков

Центарот за управување со кризи, по добиената информација, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино (поточно кај с. Пепелиште) и од поголемо локално поплавување. Поради сложеноста на расчистување ангажирана е специјална машина

„Водостопанство АД „Тиквеш“, подружница Кавадарци на 1 февруари  е извршено чистење и отстранување на дрвната маса и друга вегетација од бетонските столбови на мостот на реката Вардар од патниот правец Неготино – Штип, близу село Пепелиште (познат како Пепелишки мост) - соопштија од ЦУК. 

пријавената опасност беше резултат од нанесените гранки и дрва, како своевидна брана, на столбовите од мостот од надојдената вода на реката. тие го попречуваа речниот тек како своевидна брана, па покрај зголемен притисок на мостот го подигаат речното ниво пред мостот и да предизвикуваат локално излевање на водата надвор од коритото.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »