речник контакт

Отстранети пречките за изградба на пречистителна станица и колекторски систем во Велес

Според проектната документација, вредноста е околу 24 милиони евра,средства од ЕУ

Петар Печков

Отстранете се пречките за реализација на проектот за коректорски систем и пречистителна  станица за отпаднати води од Велес.  Процесот беше заглавен административно една година, откако на локацијата каде беше предвидено да се гради пречистената станица, под вливот на реката Бабуна во Вардар, површината била дадена за подигање на лозови насади.

„Со новата локација се повлекуваме неколку метри назад. Имотно -правните спорови на парцелата се решени, така информираа од Министерството за земјоделие. Работите  може да продолжат за непречено реализирање на тој проект“ - кажа градоначалникот Марко Колев.    

Со проектот  треба да се прифатат сите  отпадни води од левата страна на градот, да се постави цевка под реката Вардар, близу автобуската, да се префрлат на десната страна. Потоа да се носат до пречистителната станица. Таа е планирана под вливот на реката Бабуна во река Вардар, низводно од Велес.

Според проектната документација,  вредноста е  околу  24 милиони евра,средства од ЕУ. Ако се биде според планираното неговата реализација би започнала  годинава.  Поради комплексноста и специфичноста на теренот, би траела  подолг временски период.  Проектот е во надлежност на  Министерството за животна средина.

Обидот да се решат отпадните води и канализацијата од домовите во Велес,  кои директно се влеваат во Вардар, преку колекторски систем и пречистителна станица, пред 20-тина  година со кредит од Португалија  пропадна.   Португалците подолго време работеле на проектот, но кога дошле во Велес виделе дека има непремостлива пречка, градот е распослан на два брега а  правеле пресметка, само за една страна. За негово решавање  требало  многу пари  оти   требало да се градат два паралелни системи, за левата и десната страна од градот. По ова Португалците се повлекоа.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »