речник контакт

Отфрлена кривичната за екс градоначалникот на Чашка

Отфрлена е кривичната пријава против Стојан Маневски, поранешен градоначалник на Општина Чашка кој беше осомничен за злоупотреба на службена должност

Петар Печков

Отфрлена е кривичната пријава против Стојан Маневски, поранешен градоначалник на Општина Чашка кој  беше осомничен за злоупотреба на службена должност по тендерот за изградба на водовод во селото Голозинци во 2007-та.

Тоа што го тврдев уште кога беше поднесена кривичната пријава против мене, со постапката се докажа, дека се што сработив во општината беше законски и чесно, во интерес на граѓаните.  Службениците што не се покажаа со работа, на овој начин се обидуваа да ме дискредитираат но не им успеа - вели Маневски.

Тој беше осомничен од полицијата дека  за водоводот во селото Голозинци кој  чинел четири милиони денари, не е избрана економски најисплатливата и најниска понуда, туку највисоката. Фирмата што не го добила тендерот се жалела на постапката, по што биле повикал двете странки и им е објаснето дека одобрените 4 милиони денари од Владата ќе пропаднат ако се прифати жалбата. Затоа било понудено фирмата што изгубила да ја повлече жалбата и да си наплати друг проект, кој бил завршен.

Но истражната постапка покажала дека не била таква фактичката постапка, па пријавата е отфрлена.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »