речник контакт

Офицерски се издава на 20 години

Се бара инвеститор кој ќе работи со објектот како угостителски објект

Петар Печков

Локалната власт преку  јавен повик бара инвеститор кој ќе работи со Офицерскиот дом во Велес. Преку јавно приватно партнерство се бара заинтересиран кој во наредните 20 години ќе работи со објектот, како угостителски објект. Договорот предвидува јавно приватно партнерство за реконструкција, ревитализација, оперирање , управување и одржување на Офицерскиот дом. 

Верувам дека Офицерски ќе отиде во вистински раце, компанијата која ќе понуди најдобри услови,  и дека ова некогаш култно место за граѓаните на Велес каде што се случуваа многу убави работи ќе го врати стариот имиџ. Граѓаните во јавна расправа побараа тој да биде угостителски објект и оваа нивна желба ја реализираме- кажа градоначалникот Аце   Коцевски.

Во првите пет  години, инвеститорот  ќе биде ослободени од плаќање на кирија како противвредност за инвестицијата во реконструкција на објектот. Висината на надоместокот што компанијата ќе го плаќа во следните  15 години ќе варира во зависност од висината на просечната плата во државата.

Во фазата кога била подготвувана студијата за јавно приватно партнерство на Офицерски, четири фирми, три од Велес и една од Скопје дошле во локалната власт, да ги презентираат своите решенија и идеи. На објектот не може ништо да се доградува, освен внатрешно да се реконструира.  Дворот договорот предвидува дека може да се користи како летна тераса.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »